Обуки за социјална заштита

Во центрите за социјална работа на први октомври ќе започнат обуките на лиценцираните стручни работници, а ќе се обучуваат и вработени во Агенцијата за вработување. Обуките , како што информират надлежните од Центарот за социјална работа во Куманово ќе се организираат поради најавените измени на законот за социјална заштита од министерството за труд и социјална политика.

-Веќе е најавено и од страна на премиерот и од страна на министерката за труд и социјална политика дека следуваат сериозни измени во социјалната заштита, посебно се носи нов закон за социјална заштита. Следствено на тоа ние како институција која секако дека треба да ги имплементира овој закон, мора да се подготвуваме . Од први октомври започнуваат обуките на сите лиценцирани стручни работници во центрите за социјална работа. Паралелно со вработените во центарот за социјална работа ќе бидат обучувани и 30 проценти од вработените од aгенцијата за вработување која што секако заедно со центарот за социјална работа ќе биде партнер, соработник во имплементација на новиот закон за социјална заштита, изјави Александра Арсовска, директор на Центар за социјална работа

Од вкупно 74 лица вработени во меѓуопштинскиот центар за социјална работа, обуки ќе посетуваат само лиценцираните стручни работници, посочува  директорката Александра Арсовска.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)