Објавен огласот за дезинсекција и дератизација на општината

Општина Куманово објави оглас за дезинсекција и дератизација, односно за запрашување против разни видови инсекти и прскање против крлежи, лебарки и комарци. Милион денари без вклучен ДДВ е предвидената сума што ќе се одвои за оваа намена, не’ информираа од одделението за јавни набавки. Заинтересираните оператори треба да достават соодветна документација, а отварањето на понудите е закажано за 11ти Март. И претходните години општината одвојуваше слична сума за овие третмани што се спроведуваат во неколку наврати годишно во текот на пролетните и есенските месеци. Минатата година со посебен тендер беше изберена и компанијата што ја спроведе авионската дезинсекција.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)