Објавен оглас за обука за практиканство

Во рамки на ИПА проектот Поддршка за вработување на невработени млади лица до 29 години, кој е трет директен грант кој што е финансиран од Европската унија, а го спроведува Агенцијата за вработување објавен е оглас за мерката практиканство. Од агенцијата посочија дека досегашното искуство покажало дека има голем интерес за оваа мерка. Лицата треба да имаат завршено минимум средно или високо образование и да немаат претходно работно искуство.

-Тримесечната обука треба да биде поврзана со профилот на нивното образование и за време на оваа обука лицата ќе имаат месечен надомест од 6261 денари тоа е бруто сума која во себе вклучува покривање на персонален данок на доход и осигурување при несреќа и професионално заболување. Oваа програма не вклучува државни институции ниту јавни институции туку сите регистирани приватни правни субјекти имаат право да учествуваат во оваа мерка со тоа што треба да имаат минимум две вработени лица. Исто така имаат право да учествуваат и здруженија на граѓани со тоа што треба да имаат вработено минимум едно лице-изјави Славица Тасевска Симоновиќ регионален мониторинг.

Во рамки на овој проект објавен е и оглас за обуки и побарувања на занимања кои се дефицитарни на пазарот на труд, кој исто така се однесуваат за невработени млади лица за сума од 6261 денар. Оваа мерка предвидува три месечна теоретска настава и еден месец пракса кај работодавач. По завршување на обуката лицата ќе бидат тестирани за постигнатите знаења и ќе се стекнат со сертификат.

-На ниво на Македонија во овие обуки се планира да се вклучат 220 млади лица со тоа што се вклучени 4 занимања, 100 лица ќе имаат можност да бидат вклуечни во обука за сметководител по 40 во обуки за масер, шминкер и неговател на стари и немоќни лица во домашни услови.  Ова се актуелни огласи кои се излезени меѓутоа има најава и се очекува да излезат и огласите за обуки за напредни ИТ вештини, претприемништво и вештини за барање на работа-истакна таа.

Првите договори е планирано да започнат да се спроведуваат од април

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)