Огромен интерес кај пензионерите за бесплатна бања

Двојно поголем интерес годинава кај пензионерите за бесплатна бањско -климатска рекреација и за бесплатен туристички викенд, споредбено со претходната.  Вкупно 942 барања се поднесени до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Куманово до истекот на крајниот рок, 20 –ти февруари.

-524 барања за бањска рекреација и 418 барања за бесплатен викенд. Во споредба со минатата година,  во 2016-та година имавме поднесено 446 барања вкупно, што е оваа година пораст од околу 110 проценти, значи повеќе од она што беше двапати од 2016-та година . Со оваа бројка која што е сега во поднесените барања пензионерите покажуваат дека имаат доверба , дека сето ова што се организира од оваа Влада им одговара и дека се исплати да поднесат барања и да добијат едно од овие две бесплатни работи кои што ги нуди Владата на ВМРО ДПМНЕ , изјави Мирослав Стојановски, раководител на ПИОМ, Куманово

Пензионерите кои што ќе добијат одобренија за бањско -климатска рекреација бесплатно ги користат услугите на Катлановска бања, а пак за бесплатен викенд, кумановските пензионери се упатуваат во туристичките центри во Македонија , како што се Берово, Охрид, Струга, Дојран.

-Пензионерите се многу задоволни од сето ова што им се нуди затоа што до сега никој од претходните влади не покажал интерес за нешто вакво да им додели на пензионерите . Тие се задоволни и повторно сакаат да одат, меѓутоа оние што добиле во претходните години не можат да одат повторно, изјави Стојановски.

Право на користење на услугите на овие проекти имаат корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија, кои живеат во Република Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)