Одбележана Меѓународна недела на италијанскиот јазик

Основното училиште „11 Октомври“  со повеќе активности ја одбележа Mеѓународната недела на италијанскиот јазик. Учениците имаа можност да бидат дел од работилница, сценски настапи и италијанска кујна на 18-та манифестација во чест на изучувањето на италијанскиот јазик во светот. Неделата на италијански јазик во светот се одржува на предлог на министерствотото за надворешни работи на Р.Италија и меѓународните соработници за промоција на италијанскиот јазик , култура и традиција. Пригодна манифестација со бројни активности по повод Меѓународната недела на италијанскиот јазик се одржува секоја година во организација на основното училиште  „ 11 Октомври “ во Куманово.

-И оваа година се одржува Неделата на италијански јазик во светот 2018-та  , а на предлог на министерството за надворешни работи на Р.Италија и интернационалните соработници за промоција на италијанскииот јазик , култура и традиција. За оваа 2018 –та година Деновите на италијанскиот јазик се одржуваат од 15 до 23 октомври, а темата која е избрана е „Италијанскиот и мрежата , социјалните мрежи за италијанскиот јазик“. Станува збор за една тема која што е многу актуелна, каков е односот на италијанскиот јазик, интернетот, какво влијание врз италијанскиот јазик имаат новите технологии, светот на интернет мрежата, новите информациски и комуникациски технологии вклучувајќи ги тука и социјалните мрежи, изјави Елизабета Костадиновска Костиќ, директор на ООУ „11 Октомври“

Пригодна манифестација со бројни активности по повод Меѓународната недела на италијанскиот јазик се одржува секоја година во организација на основното училиште  „ 11 Октомври “ во Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)