Одбележана 107 годишнината од Кумановска битка

На Спомен костурницата на паднатите борци во Зебрњак вчера беше одбележана 107 годишнината од Кумановска битка водена во текот на Првата балканска војна, на 23 и 24 октомври 1912 година помеѓу српската и турската војска.  

Порака и повик за помасовна посетеност и оддавање почит на борците кои што ги дале своите животи не мислејќи на своите деца, родители, одејќи да им помогнат на своите браќа да се одбранат и да се ослободат, упати претседателката на Српската заедница во Македонија, Гордана Јовиќ –Стојковска.

-Сите ние сме обични луѓе, овде сите ние сме браќа и сестри меѓу себе, сите дојдовме да се поклониме и да ги подучиме младите после нас да доаѓаат овде и да запалат свеќа, да положат цвеќе и да го зачуваат овој споменик, да не го доуништат, бидејќи го рушеа и можат и да го доуништат ако продолжиме да не се грижиме за него. Ние сме краткотрајни на оваа земја, еден ден и нас нема да не има, би било убаво некој да се сеќава на нас, ќе се сеќаваат само по нашата добрина и по делата кои што сме ги оставиле.  На нас ќе се сеќаваат само нашите поколенија , немојте тоа да го заборавите. Дојдете и следната година, донесете ги со себе и децата и застанете во ред како луѓе, треба да стоиме да се гледаме во очи, да не бидеме едни на други зад грб. Не мора да донесуваме протокол, ние сме тие кои чуваме, ние сме тие кои што треба да направиле убаво лице на овој споменик и достоинствено да се поклониме овде, рече Гордана Јовиќ -Стојковска, претседател на Српска заедница во Македонија

„Болната вистина сите нас не обврзува на споменикот на победата на срската војска во Кумановска битка да му го вратиме стариот сјај и симбол“ , рече пред присутните претставникот на Владата на Република Србија, Зоран Антиќ.

-Секој нов октомври, како и овој ги собира добрите и чесните луѓе на ова свето место за сите Срби со голема волја да се поклониме и да им оддадеме почит и да им покажеме дека не сме заборавиле дека биле подобри од нас и да ја замолиме судбината нашите идни поколенија да бидат многу подобри од нас. Наоѓајќи се денес на историската област Зебрњак, на 511 метри надморска височина, на само шест километри од Куманово, во близина на манастирот Свети Ѓорѓи Победоносец стоиме немо загледани во архитектонското ремек дело на Момир Коруновиќ , во преубавата кула -обелиск висока 48, 5 метри која,за жал, ја нема, рече Зоран Антиќ, претставник на Влада на РС

На одбележувањето на годишнината од Кумановска битка вчера пристигнаа и членовите на велосипедската секција на планинарскиот клуб од Врање, кои што седма година по ред го посетуваат споменикот Зебрњак, на овој ден.

-Од сто годишнината на Кумановска битка секоја година доаѓаме, нашата велосипедска секција при планинарски клуб Врање секоја година доаѓа на одбележување на годишнината на Кумановска битка. Нашиот клуб редовно ги посетува сите верски, историско –културни  споменици во северниот дел на Македонија. Пораките се, како и секоја година, дека ова не смее да се заборави, а манифестациите да бидат помасовни, изјави Дејан Петровиќ, член на велосипедска секција во планинарски клуб Врање

-Ги повикувам сите млади повеќе да се посветат на спортот , отколку на мобилните телефони и компјутерите, изјави Тамара Новковиќ, член на велосипедска секција

Свежо цвеќе и венци во чест на загинатите во Кумановска битка положија делегации од Македонија и Србија, пратеници, претставници на владата, Српската заедница во Македонија, делегации на општините Старо Нагоричане и Куманово , претставници на боречките организации, политички партии, невладини здруженија и граѓани од двете држави.

Споменикот е свечено осветен на 31 октомври 1937 година, на 25-годишнината од победата во Кумановската битка.  Имал облика на кула во висина од 48,5 метри. Инаку, за време на осветувањето во костурницата се положени посмртните остатоци на околу 400 припадници на српската војска кои до тогаш биле чувани во манастирот Свети Ѓорѓи, во општина Старо Нагоричане.

Монументалниот споменик на ридот Зебрњак кај Куманово е срушен на самиот почеток на Втората светска војна од страна на бугарскиот окупатор.

Коментари

коментар(и)