Одбележана 15 годишнина од конфликтот во 2001

Организацијата на резервни официри на Македонија денеска со трибина одбележа 15 години од воениот конфликт во Македонија од 2001 година и им оддаде почит на загинатите бранители. На трибината која се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ присуствуваа бранители од војната, членови на семејствата на загинатите, припадници на Армијата на Република Македонија, Секторот за внатрешни работи, резервни официри, локалната самоуправа, Советот, Здружението на бранители, политички партии и многу други.  Од Куманово во воениот конфликт учествуваа повеќе бранители, а шестмина во таа борба ги положија своите млади животи. Пред присутните се обрати претседателот на општинската организација Синиша Богдановски, кој истакна дека учеството на бранителите во војната е дело и карактеристика на големи и храбри луѓе.

-Денес сите ние ја чувствуваме гордоста на кумановските бранители и загинатите херои, кои со својата храброст, подготвеност и борбеност оставија траен белег во поновата македонска историја. Тоа беше и повод за да ја организираме оваа денешна трибина 15 години од војната во Македонија, воените дејствија, учеството, како на другите така и на македонските бранители, кои застанаа во одбрана на татковината против вооружените екстремистички и паравоени формации-нагласи тој.

Претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски истакна дека градот за жал никогаш не го одминуваат ваквите настани. Нагласи дека имињата на нашите сограѓани кои ги дадоа своите животи,  се впишаа во историјата и темелите на Република Македонија.

-Целиот настан тргна со тоа што барем ние во тој момент како етнички Македонци се чувствувавме нападнати од друга држава и дојде до вооружен конфликт подоцна како што кажува и историјата во континуитет нашиот народ сите борби ги добиваше на бојното поле но за жал ги губеше таму на масата каде што одлучуваат политичарите. Дојде до мировниот договор и сте од 2001 тргнавме заедно да градиме едно мултиетничко општество –нагласи тој.

На членови на семејствата на загинатите припадници, како и на учесниците од резервниот баталјон, кој учествуваше во војната во Куманово, денеска од Организацијата на резервни офицери на Македонија им беа врачени благодарници.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)