Одбележани 18 години од бомбардирањето на Југославија

Претставници на Српската заедница во Македонија, денеска во црквата Света Троица запалија свеќи за помен на луѓето кои загинаа во бомбардирањето на Југославија пред 18 години. Нато бомбардирањето започна на 24-ти март 1999 година, а траеше 78 денови.  Претседателката на српската заедница, Гордана Јовиќ Стојковска обраќајќи се пред присутните истакна дека за ова злострорство се уште никој не одговарал, а како што се одвиваат работите тоа нема да случи уште долго време. Таа се надева дека вистината сепак ќе излезе на виделина бидејќи изминативе години се појавија бројни војници, официри на Нато алијансата кои зборуваат за штетата која што е направена. Јовиќ Стојковска додаде дека последниве години дури два пати е поголем бројот на заболени од рак.

-На Косово смртноста од рак е пет пати поголема не постои можност ниту Европа да не е озрачена посебно Македонија бидејќи знаеме дека на 20 километри од Скопје и овде на 15 километри паднаа такви бомби. Злосторството е направено без согласност на Обединетите нации, со волја на луѓе кои не се доволно свесни, веројатно кои немаа воопшто морал и кои во своите походни игри одлучија да жртвуваат еден народ-истакна таа.

За причините за бомбардирањето, почетокот и крајот кој заврши со потпишувње на Кумановскиот договор согласно резолуцијата 1244 на ОН и бројот на жртвите зборуваше Јелена Максимовиќ.

-Во нападите кои траеја без прекин 78 денови тешко се оштетени инфраструктурата, земјоделските објекти, училиштата, здравствени установи, медиумски куќи, цивилни населби, цркви и манастири, проценката на штетите се движи од 30 до 100 милијарди долари. Конечниот број на жртви официјално не е соопштен а српските проценки се движат од 1200 и 2500 загинати, и околу 5000 повредени меѓу кои и деца, болни и стари лица-истакна таа.

Според проценките по бомбардирањето биле раселени 200.000 косовски Срби.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)