Одбележано излегувањето на Кумановскиот партизански одред

Членови на Сојузот на борци, Здружението на армиски и полициски ветерани, Здружението на пензионери, советници, деца од градинката Ангел Шајче и други граѓани, денеска положија цвеќе пред споменикот во некогашната бавча на Денко Цеков, таткото на Јордан Цеков Дане, од каде излегле партизаните од Кумановскиот партизански одред,на 26 јуни 1943 година.  Потоа заминале во Јужноморавскиот одред за да се обучат, и да се вклучат во борбените дејствија. Од оваа бавча излегле 7, а од бавчата на Ангел Тодоровски, таткото на Христијан Тодоровски Карпош излегле 4 партизани, кои го сочинувале јадрото на кумановскиот партизански одред.

Освен Јордан Цеков –Дане, дел од партизанскиот одред во тоа време биле и Панче Пешев, Живко Чало, Методи Томовски – Панче, Миле Кипра, Миле Домузлиски.

-Во јули јадрото се зголеми на 18 партизани и на 2-ри август 1943 година се формира кумановскиот партизански одред под команда на Христијан Тодоровски Карпош. Одредот е создаден на 26-ти јуни 1943 година, во село Пелинце. Формиран од 11 члена на комунистичка партија на Југославија и на Сојуз на комунисти на Македонија во Куманово. Една група се вклучува во редовите на вториот јужноморавски народноослободителен партизански одред, кај селото Братоселце, другата група на 4-ти и 5-ти јуни 1943 година врши напад на железничката линија северно од селото Букаревац. Подоцна на 2-ри август 1943 година од овие две групи е формиран кумановскиот одред, командир е Христијан Тодоровски Карпош. На 10-ти октомври одредот е применуван во скопско-кумановски одред и е разделен на две чети. Првата чета дејствува во реонот Куманово, Кратово, Крива Паланка а втората во скопска црна гора. Откако одредот достигнал бројка од 100 души, влегол во составот на првиот кумановски народно ослободителен партизански баталјон и понатаму се одвиваат борбените дејствија-истакна Зора Ивановска, Сојуз на борци Куманово.

Сојузот на борци од Куманово традиционално го одбележува овој ден. Нивната следна активност согласно годишната програма за одбележување значајни датуми е учеството во прославата на 02 август во Меморијалниот центар АСНОМ во организација на Владата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)