Одбележан Денот на водата во ОУ „Крсте Мисирков“

По повод 22-ри март, Светскиот ден на водата, вчера во основното училиште Крсте Мисирков беше организиран еко настан. Учениците пред присутните изведоа богата културно уметничка програма, која ја подготвиле заедно со нивните наставници. Тие зборуваа за значењето кое што ги има водата, нејзината заштеда и слично. Педагогот, Сузана Денковска истакна дека нивното училиште продолжува да ги одбележува настаните од еко календарот.

-Ние се подготвувавме со сите наставници ученици, спроведовме акции организиравме изработка на ликовни, литературни творби на македонски, француски, англиски јазик, пароли, математика истражувавме во сите области граѓанско образование, информатика сите се вклучени во оваа акција. Задоволни сме од интересот, вклучени се и најмалите како гледачи инаку и тие имаа активности во нивните училници-додаде таа.

Ученикот Дамјан Златановски истакна дека е среќен што имаат можност да се запознаат со екологијата и да ја развиваат својата еколошка свест.

-Водата работи во циклусот на животот и кога ќе престане кога ќе ја снема престанува и нашиопт живот затоа треба да ја заштедиме и користиме разумно за да ја имаме се уште. Преку овие теми имаме можност да истакнеме преку ликовно, македонски јазик, без оглед и целото училиште учествува во овие манифестации и сите имаме прилика да ги искажеме своите мислења и идеи-изјави тој.

Од основното училиште Крсте Мисирков посочија дека во наредниот период ќе се насочат на подготвување на следната активност од еко календарот. На иницијатива на Меѓународната асоцијација на вода и УНЕСКО во 1993 година, во многу земји во светот 22 Март е прогласен за Ден на водата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)