Одбележан Денот на Здружената оперативна команда

Во касарната „Боро Менков“ денеска се одбележа Денот на Здружената Оперативна Команда -17 Октомври. На воената свеченост која се одржува втора година по ред, со одлука на претседателот на РМ, воедно и врховен командант на вооружените сили, присуствуваа министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на Генералштабот на АРМ Методија Величковски, повеќе генерали, старешини, војници. Командантот на ЗОК, Васко Ѓурчиновски  во своето обраќање потсети дека утрешниот датум е ден кога далечната 1878 година во селото Кресна е формиран штабот на македонското, познато како Кресненско востание, ден кога воедно е кренато востанието.

-Во досегашното постоење оваа команда успеа да изврши сериозна трансформација почнувајќи како Армиски корпус, преку команда на копнена војска, до сегашната структура и назив, притоа целосно следејќи ги аспирациите на РМ за полноправно членство во евроатлантските безбедносни структури, рече Васко Ѓурчиновски,  командант на  ЗОК

На денешната свеченост беше даден и краток исторски осврт на македонскотот востание и неговото значење за македонската историја.

Командантот на ЗОК, Ѓучиновски на крајот порача дека сите заедно и понатаму ќе вложуваат максимални напори и ќе дадат  несебичен придонес во остварување на националните стратегиски цели- членство во ЕУ  и во НАТО. На свеченоста традиционално се доделуваат и златна значка на АРМ, награди и пофалници на повеќе полковници, потполковници и десетари. По завршување на официјалниот дел присутните го разгледаа историското катче во просториите на ЗОК  каде се наоѓаат печатот на штабот Кресненското востание и неколку артефакти од тој период на македонската историја.

Здружената оперативна команда како Команда од оперативно рамниште егзистира од почетокот на формирањето на АРМ како Армиски Корпус. Во 2000 година се трансформира во 1.Армиски Корпус ,во 2002 година се преименува во Команда на копнена војска, а од 2005-та година се преструктуира во сегашниот назив според стандардите на НАТО. 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)