Одбележан Денот на ЗОК

Во кумановската касарна „Боро Менков“ со воена свеченост се одбележа Денот на Здружената Оперативна Команда. Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов во својот говор пред присутните ја истакна историската поврзаност на формирањето на штабот близу Кресна во 1878 година со придонесот на Здружената оперативна команда  за развојот на АРМ во изминатите 25 години.

-Како и досега очекувам припадниците на ЗОК  со нивните успеси да ја трасираат иднината на штабното работење во АРМ. Во оваа пригода , посебно сакам да го истакнам придонесот што како команда го давате во подготвката и во водењето на мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ОН , но и во реализацијата на  на голем број вежбовниактивности во земјата и во странство, изјави Ѓорѓе Иванов,  претседател на РМ и врховен командант на вооружените сили

Командантот на ЗОК , бригаден генерал Зоран Милески потенцираше дека и во годината во која биле со ограничени материјални ресурси, успеале да ја реализираат најголемата вежба во АРМ во текот на годината „Македонски блесок -13“.

-Постигнавме одлични резултати во процесот на обуката како од аспект на индивидуалната така и  од аспект на колективната обука. Гордо  го веевме нашето знаме на повеќе од 20 меѓународни вежби во земјата и странство и со особен успех ја презентиравме нашата борбена подготвеност и интероперабилност  со членките на НАТО како наша стратешка определба, изјави бригаден генерал Зоран Милески, командант на ЗОК

На прославата на која беа доделени награди и пофалници за постигнати резултати, присуствуваа и началникот на ГШ на АРМ, Методија Величковски, државниот секретар во министерството за одбрана Драган Николиќ, генерали во АРМ, како и претставници од министерството за одбрана и ГШ и  воени аташеа.

Со одлука на претседателот на Република Македонија, 17 октомври е определен за Ден на ЗОК, како спомен на одбележување на значајните историски настани врз коишто се темелат традициите во Армијата на Република Македонија.

 

Коментари

коментар(и)