Одбележан Денот на независноста на РМ

„Пред 25 години  македонскиот народ се одважи и во духот на илинденците и асномците, со ентузијазмот на Глигоров и Кљусев, излезе и масовно на референдум се изјасни дека сака да има своја независна и суверена држава Р.Македонија„  – рече претседателот на советот на општина куманово Максим Димитриевски во своето обраќање пред присутните на спомен костурницата, по повод одбележувањето на Денот на независноста на нашата држава.  Димитриевски во својот говор се осврна и на недоволното почитување на спомен обележјата во градот,  меѓу нив и на Спомен Костурницата каде се забележливи графити и на обележјето и на просторот околу споменикот.

-Ги надминавме сите предизвици,но не научивме основна лекција дека треба да си го почитуваме минатото,да ја сакаме сегашноста и да ја планираме иднината.Токму ова денеска што го гледаме на Спомен Костурницата во Куманово,кое што е главното спомен обележје од Втората светска војна и за паднатите жртви за оваа наша држава,укажува дека многу малку сме направиле на патот на едукацијата на нашите генерации кои живеат во независна Македонија“- рече Димитриевски, изјави Максим Димитриевски, претседател на Совет на општина Куманово

Со пораки за мир, единство и сплотеност меѓу граѓаните политичките партии го честитаа државниот празник 08 септември.

Во чест на паднатите борци во текот на втората светска војна свежо цвеќе пред спомен костурницата положија делегации на општина Куманово, на советот на општината, сојузот на борците, припадници на АРМ, МВР,претставници на политички партии, јавни претпријатија, образовни институции , граѓански здруженија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)