Одбележан Денот на независноста на РМ

Куманово се вложи во самобитноста на Република Македонија. Затоа не можам, а да не спомнам дека настаните кои што во историјата на овој град се забележани како позитивни се длабоко втемелени во нејзината независност и самобитност.

Но,  за жал сите тие настани не биле само позитивни. Многупати се случувале големи притисоци врз нашиот град, рече претседателот на Советот на општина Куманово, Максим Димитриевски  на чествувањето на Денот на независноста на спомен- Костурницата .

-Затоа не можам, а да не спомнам дека токму пред 4 месеци се случи еден таков настан. 9-ти мај сите нас не направи пообединети, посложни и поубедени во она што значи градење на Куманово и на Република Македонија. При тоа не познавајќи ја нашата верска и етничка разлика. Недозволиво е на овој ден, отсуство на одредени политички субјекти, треба да бидеме сите тука и да го чествуваме овој ден рече Максим Димитриевски, претседател на Совет на општина Куманово

Во рамки на одбележувањето на 24 години од самостојноста на Република Македонија, бројни делегации, претставници од општина Куманово, Советот на општината, од Здружението на борците, од АРМ, МВР,општински установи и институции, политички партии, невладини организации и граѓани, положија цвеќе пред спомен-Костурницата.

Општина Куманово овој ден го одбележува со повеќе културни и спортски манифестации.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)