Одбележан Денот на планетата Земја

По повод Светскиот ден на планетата Земја , здружението за доброволна волонтерска работа „Кумановски акцијаши“ денеска  организираше  еколошка акција на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ. Ова е само една од низата акции кои што се планира да се реализираат на истата локација со цел да се вратат сјатот  и функцијата на комплексот, не само како историски споменик на вековната борба на оваа земја за слобода, туку и како рекреативно излетничко место, кое со својот просторен капацитет има услови за семејни дружења и организирање на културни манифестации,изјави Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“

Еколошките акции се спроведуваат во соработка со јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, а поддржани од Советот на општина Куманово.

-Денеска свој придонес во зачувување на животната средина дадоа и средношколците , но во помал број поради работниот ден, изјави Александар Арсиќ, претседател на Совет на општина Куманово

Пратеникот Максим Димтириевски со порака до државните надлежни институции во врска со заштитата на културно историското наследство.

Еколошките акции на повеќе локации во градот ќе се организираат  од Кумановски акцијаши и наредниот период се со цел да се подигне свеста на граѓаните за заштита и зачувување на животната средина .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)