Одбележан Денот на планетата Земја

Да не се загадува водата, да не се сечат шумите, отпадот наместо да се фрла во природата  -треба да се рециклира. Ова се дел од пораките кои учениците од основното училиште Крсте Мисирков ги упатија по повод 22 април, Денот на планетата земја. Презентацијата за заштита на животната средина  ја подготвија две осмоодделенки.

-Направивме пораки како водата не треба да се загадува бидејќи таа е извор на живот, а со загадување на водата изумира и растителниот и животинскиот свет ,а и ние луѓето ја консумираме водата за пиење. Исто така не треба да се загадува околината , имаме и пораки за рециклирање, бидејќи со рециклирањето веќе искористените продукти се преработуваат и се добиваат нови, изјави   Евгенија Паневска, ученичка во ООУ„Крсте Мисирков“

-Кај нас мислам дека во некои делови се чува животната срдеина, а во некои делови на градот не. Повеќето жители ја загадуваат.  Пораката е дека не треба да ја загадуваат околината, Земјата е единствена и треба да ја чуваме, изјави  Теодора Димковска, ученичка во ООУ„Крсте Мисирков“

Крсте Мисирков како дел од мрежата на еко-училиштата е вклучено во одбележување на сите позначајни настани со цел да подигне еколошката свест кај учениците за заштита и зачувување на животната средина.

-Да се зачуваат сите природни ресурси бидејќи последните години знаеме дека катастрофално ги искористуваме водата, воздухот и почвата и придонесуваме за нивно загадување. Затоа е потребно да се развие еколошка свест кај секој од нас, а особено идните генерации, да се настојува повеќе да се развие тоа кај нив зашто немаме друга планета. Би  требало секој ден да биде 22 април, светски ден изјави  Снежана  Јовановска, професор по биологија и хемија во ООУ„Крсте Мисирков“

Денот на планетата Земја прв пат бил одбележан во Соединетите Американски Држави во 1970 година, а дваесет години подоцна почнува да се слави како меѓународен ден.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)