Одбележан Денот на победата над фашизмот

Со пригодна програма денеска на Спомен костурница беше одбележан 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот. По тој повод свежо цвеќе положија претставници на локалната самоуправа, Советот на Општина Куманово, Сојузот на борците, Министерството за внатрешни работи, политичките партии, училиштата, јавните претпријатија и невладини организации. Со едноминутно молчење им беше одадена почит на паднатите борци од НОБ, и беше интонирана македонската химна.  Пред присутните се обрати првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски кој истакна дека на денешен ден 1945 година е означен крајот на најголемиот воен судир во историјата на човештвото. Тој нагласи дека Република Македонија даде значаен придонес во антифашистичката борба.

-Таквиот однос во тогашните периоди придонесе во виорот на Светската војна македонскиот народ да ја оствари својата вековна желба за слобода. Тогаш всушност се остварија илинденските идеали на македонскиот народ. Истите се втемелија со одлуките на АСНОМ во 1944 година а се заокружија со прогласување на независноста на Република Макеоднија во 1991 година. Во таквиот историски хероизам и непокор, учеството на Куманово е особено значајно и големо. Тоа е нешто што и денеска не напојува со непоколебливиот дух да истраеме во напорите за зачувување на слободата, за праведно современо општство,  општество со светли патокази за брз економски, социјален и културен развој-нагласи тој.

 

Дамјановски истакна дека и во иднина градот ќе продолжи да ги одбележува овие значајни датуми од историјата на државата.

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)