Одбележан Денот на пожарникарството

Со показно- тактички вежби на гаснење пожар и спасување на луѓе денеска беше одбележан Денот на пожарникарството во Македонија , 20 –ти Мај. Домаќин на активностите во организација на Општинскиот противпожарен сојуз Куманово беше основното училиште „Христијан Карпош“ во село Драгоманце. Вежбата беше успешно реализирана во соработка со повеќе институции и организации.

-Во 1836-та година , пред 183 години во градот Битола е формирана првата противпожарна служба на територијата на нашата земја , според кој настан се одбележува овој ден. Денешната манифестација ја организира Општинскиот противпожарен сојуз во соорганизација на локалната самоуправа  Старо Нагоричане, ООУ Христијан Карпош , ТППЕ Куманово, СВР Куманово, Дирекцијата за заштита и спасување и општинската органзиација на Црвен крст Куманово, рече Часлав Јовановиќ, потпретседател на Противпожарен сојуз на Македонија

-Ние во нашето училиште поддржуваме безбедна иднина на нашите ученици, за безгрижно детство во секој поглед, рече Анета Станковиќ Јанковска, директор на ООУ„Христијан Карпош“ с.Драгоманце

Општинскиот противпожарен сојуз Куманово, како членка на Противпожарниот сојуз на Македонија има богата традиција и зазема завидно место во системот на доброволното пожарникарство во државата, посочуваат надлежните. Првата противпожарна организација во Куманово е формирана во 1932 –та година како потреба за заштита од пожари.

-Третпат организираме ваква показна вежба на подрачјето на Општина Старо Нагоричане. Доброволното противпожарно организирање во нашата општина е речиси со едновековна традиција, така што се трудиме заедно преку организациите кои како доброволни противпожарни друштва ги имаме на територијата на Куманово, а сега и во општината Старо Нагоричане да ги организиарме луѓето во оваа хумана активност, рече Марјан Денковски, претседател на Општински противпожарен сојуз Куманово

Денешната манифестација ја прогласи за отворена градоначалничката на Општина Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска.  

Показно тактичката вежба на евакуација на учениците и наставниот кадар и спасувањето на заробените лица во училиштето и гаснење на пожарот  успешно е реализирана, оценува командирот на територијалната противпожарна единица , Деан Илиевски. Во вежбата учествуваа 70 ученици од „Христијан Карпош “ распоредени во 22 училници.

-Генерално гледано вежбата помина многу добро,а искрено задоволен сум и од расположението меѓу  учениците и меѓу вработените кои навистина беа одушевени од целиот настан, изјави Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово

Од почетокот на годинава територијалната противпожарна единица бележи 260 интервенции, информира командирот Илиевски, додавајќи дека за разлика од месец март кој бил турбулентен во поглед на пожарите, периодов работат во нормални услови, односно интервенираат на еден до два пожара во два –три дена.  

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)