Одбележан Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон

Со воена свеченост во  касарната  „Боро Менков“ денеска се одбележа Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон . Со указ на претседателот Ѓорѓе Иванов , 26-ти февруари  е одреден за Ден на единицата , како датум со кој се одбележува историскиот  настан, поврзан со денот на формирањето на Третата Македонска ударна бригада, пред 73 години во селото Жегљане.

„Како и тогаш , така и сега , задачите и обврските се големи, но целта е иста“ ,  потенцираше  командантот на баталјонот Лулзим Нуредини.

-Покрај реализицијата на редовните задачи  како единица, би го спомнал нашето ангажирање во асистенција на МВР во справување со мигрантската криза во обезбедување на северната и јужната граница , како и ангажирањето во справување со поплавите во скопскиот регион,  изјави Лулзим Нуредини, командант на Прв механизиран пешадиски баталјон

На денешната свеченост беа прочитани телеграми со честитки по повод денот на Денот на единицата,беа унапредени,пофалени и наградени припадници на единицата, првиот огнен вод беше прогласен  за најдобар вод и беа доделени награди за соработка на детската градинка „Ангел Шајче“,културно-уметничките друштва „Срма“ и Бајрам Шабани“ и на приватни компании.

По завршување на официјалниот дел, единиците продефилираа пред присутните,  а беше презентиранo и дел од вооружувањето, опремата и возилата со кои располaга единицата.

На прославата присуствуваа претставници од АРМ, поранешните команданти на единицата, преставници од државна управа, јавните установи и служби, градоначалниците и претставниците на единицате на локалната самоуправа,бизнис секторот и  граѓани.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)