Одбележан Денот на превентивна работа на полицијата

Ученици од здравствената струка во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ денеска мереа притисок и ниво на шеќер во крвта на вработените во Секторот за внатрешни работи Куманово. Ова е само една од повеќето активности во рамките на одбележувањето на Денот на превентивна работа на полицијата, 09-ти Декември во организација на Отсекот за превенција. Според началничката на Отсекот за превенција, Виолета Богдановска, покрај повеќето проекти со едукативен карактер годинава ја одбележа и формирањето на неколку совети и комисии, меѓу нив и Локалниот совет за превенција во спречување на насилен екстремизам.

 -Оваа година ја одбележа формирање на Општинскиот совет за превенција од детско престапништво кој што иако само неколку месеци како е формиран има значителни активности, Општинскиот совет за безбедност во сообраќај на патишта кој што и во изминатите години беше активен, меѓутоа оваа година навистина имаше активности во делот на безбедноста на сообраќајот и секако новоформираната Локална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција со која што очекуваме добри резултати во работата во наредната година. Инаку, за истакнување е тоа што веќе на локално ниво институциите, локалните самоуправи, советите на општините, имаме навистина добра поврзаност, соработка и комуникација, а се со цел градење на што поголема безбедност на сите граѓани што впрочем е и целта на сите нас, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција во СВР Куманово  

Активности по повод одбележувањето на Денот на превенција предвидени се и во наредните денови, посочува Богдановска.

-Во текот на неделава следуваат други активности кои што се поврзани со посета на ученици на СВР Куманово и со одржување на трибини и секако наредната недела ќе се одржи турнир во мал фудбал во кој што ќе учествуваат членови на Општински совет за превенција од детско престапништво, ученици и наставници, родители и сите заинтересирани граѓани, од ревијален карактер ќе биде истата, изјави Богдановска.

Денот на превентивната работа, односно , како што ја нарекоа надлежните , Неделата на превентивни активности е одбележана со мешана патрола, односно учество на родители и полициски службеници во обиколка на угостителски објекти и места на отворен простор каде што малолетните лица во ноќните часови се собираат и престојуваат, се одржа и трибина на тема „Болести на зависности и препознавање, помош и заштита“, а во текот на вчерашниот ден во основното училиште „Вук Караџиќ“  се одржа турнир во одбојка на кој што учествуваа мешовити екипи, родители со ученици, а се доделија и дипломи, благодарници и пехари за постигнатите резултати.

Коментари

коментар(и)