ВИДЕО: Одбележан Европскиот ден на спортот во училиштата

Ученици од 20 училишта од Куманово и Старо Нагоричане денеска со физички активности беа вклучени во одбележувањето на Европскиот ден на спортот во училиштата. Национален координатор на спортската манифестација е Федерацијата на спортски  педагози на Македоинја, во партнерство со  Здружението на спортски педагози од Куманово, како и општинските Сојуз на спортови и Сојузот на училишен спорт. Мотото на Европскиот ден на училишен спорт, кој во Куманово се одбележа на Спомен Костурница е да се вежба на отворено и колку е можно повеќе учениците да практикуваат рекреативен спорт.

-Организираме прекрасни турнири во ракомет, кошарка, фудбал, одбојка на сите отворени терени во Куманово за децата да бидат на чист воздух, без маски. Овој ден е само продолжение на физичката активност со физичко присуство во училиштата. Учениците се од сите училишта каде ние како Сојуз на училишен спорт го поддржуваме Европскиот ден на спортот, изјави Ивица Ѓорѓиевски, Сојуз на училишен спорт Куманово

-Организиравме прекрасен настан поделен на три дела по еден час, по седум училишта. Нормално, мисијата е секако да се вратиме со здрави навики за рекреирање и спортување кои што знаеме дека ни се многу битни за физичкото здравје, психосоцијалниот дел, враќањето од изолација во дружење и здружување, мислам дека ова најавува полека едно добро враќање во постпандемичниот период на спортските активности, изјави Југослав Спасиќ, Здружение на спортски педагози Куманово

Настанот е поддржан од Европската федерација на спортски педагози, а е финансиран од Европската унија.

Коментари

коментар(и)