Одбележан меѓународниот ден на акушерството

Со интерактивно предавање за поттикнување на свеста на бремените жени денеска во кумановската болница беше одбележан меѓународниот ден на акушерството.  Психичка подготвка за породување, значење на доењето и значењето на првото мајчино млеко беа темите на кои што се разговараше денеска. Предавачи беа акушерки од Одделот за гинекологија и акушерство при Општа болница Куманово.

-На бремените жени им презентиравме како изгледа нашето одделение , како работиме, што работиме и сакаме со ова еден нов момент да воведеме, да информираме за предпородилната подготовка. Би требало тоа да се развие и понатаму би било убаво да имаме вакви случувања и настани кои што ќе ги информираат мајките што ги очекува, како изгледа нашето одделение, што се случува после породувањето, ги информиравме за доењето итн, изјави  Лидија Јовчевска Ивановска,  раководител на Акушерско одделение

Одделот за гинекологија и акушерство е комплетно опремен и ги задоволува стандардите за работа на едно породилиште, потенцираат надлежните.

– Би сакала да нагласам дека најбитни се првите 24 часа , мајката и бебето се заедно и тие првите часови почнуваат заеднички, нов почеток на живот. Нашиот оддел се состои и од Оддел за неонатологија, тоа е една посебна нега за новородени каде што се чуваат ризичните и најмалите бебиња каде што опременоста на овој оддел е на ниво кое што ги задоволува стандардите за ваква нега. Породилни сали се состојат од три бокса, имаме комплетна опременост на одделот и кадровски и опрема и со медицинаски апарати. Одделот ги задоволува стандардите за работа на едно породилиште, изјави Јаворка Тодоровска, одговорна одделенска акушерка

Акушерскиот оддел се состои од 31 кревет, 27 за породени и 4 кревети за бремени жени. Минатата година овој оддел бележи 1383  породувања од кои  319 со царски рез или статистички 23 проценти, потенцираат од Одделот за гинекологија и акушерство.

Коментари

коментар(и)