Одбележан меѓународниот ден на книгата

Книга и цвет добија на подарок сите читатели кои што денеска ја посетија  градската библиотека „Тане Георгиевски“  по повод Меѓународниот ден на книгата и авторското право –  23-ти април.

Библиотеката го одбележува овој ден според стариот Каталонски обичај, а е иницирано од УНЕСКО, информира директорот Марјан Петковски.

-23 -ти aприл е Меѓународен ден на книгата и авторското право, кога традиционално се упатува порака од УНЕСКО, но и од сите земји кои го одбележуваат овој ден. Оваа година македонската порака ја напиша Милчо Манчевски. Одбележувањето на 23 -ти април е иницирано од УНЕСКО и на тој ден во целиот свет се поттикнуваат читањето, издавачката индустрија и заштитата на интелектуалната сопственост преку авторското право, изјави Марјан Петковски, директор на библиотека „Тане Георгиевски“

Во пораката на Манчевски, меѓу другото се вели : „Книгите ми помогнаа да си ја повратам рамнотежата и да си го најдам местото во светот. Не е важна само информацијата што ја добиваме од книгите – иако информацијата која се пренесува од колено на колено е она што ја прави цивилизацијата, цивилизација. Важно е чувството што книгата ќе ти го донесе во срцето . Чувството на припаѓање. Припаѓање на свет кој е исто толку богат и важен колку оној во кој престојуваат твоите крв и месо. И открив дека тоа припаѓање беше клучно за мојот опстанок тогаш. И откривам дека е клучно за мојот опстанок сега“.

Во пораката од УНЕСКО се вели: „ Прозорец на нас самите се книгите кои претставуваат заедничко разбирање и почитување помеѓу луѓето, со што се надминуваат секоја граница и различност.

Во овие турбуленти времиња, книгите се претставници на различноста на човековата генијалност, давајќи и форма на богато човечко искуство, експресирајќи ја потрагата по значењето и експресијата која сите ја имаме, нешта што ги движат општествата напред“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)