Одбележан патрониот празник на „Вук Караџиќ“

На денот на одбележувањето на патрониот празник, денеска свечено беше пуштено во употреба реновираното основно училиште „Вук Караџиќ“ . Реконструкцијата на прозорците и на покривната конструкција е донација од Владата на Јапонија. Лентата ја пресече амбасадорката на Јапонија во РМ,  Кеико Ханеда  во придружба на градоначалникот Максим Димитриевски и директорката на училиштето.

-Чест и задоволство ми е што нашето училиште имаше  толку важни гости, нејзината екселенција амбасадорката на Јапонија , меѓутоа не беа без причина , причината беше свечено пуштање на објектот во употреба после завршена реконструкција со донација на јапонската Влада во висина од 67 830 евра, што може да се каже дека е поприлично голема донација, се реновираше комплетно училишниот покрив и прозорците на два ката, комплетна замена на прозорците со пвц на два ката, на вториот и на третиот така што сега учениците ќе иамат многу потопли, посветли и побезбедни простории за учење, изјави Надица Петровска, директор на ООУ„Вук Караџиќ“

Основното училиште Вук Караџиќ денеска прославува 72 години од своето постоење, но и 230 години од раѓањето на патронот. Мотото на овогодинешната манифестација е „Вие за нас, ние Ви благодариме со песна и игра“. Беседа за Вук Караџиќ, ритмички точки, драматизација, музички точки, но и јапонски вештини  беа дел од едночасовната  програмата по повод патронот, подготвена од учениците заедно со своите наставници.

-Се надеваме дека ќе опстои и понатаму,  затоа што училиштето е составено од млад наставен кадар кој што е полн со елан можете да забележите колку се потрудија околу настанот околу перформансот, од оној број на ученици со кои што сега располага училиштето се користи максимум , може да се каже дека се работи со секое дете  и во воннаставните активности учествуваат сите, секој според своите способности, бараме начини и можности да се реализира се што е по програмата, но и многу повеќе, нашите ученици учествуваат  на повеќе манифестации,  натпревари и добиваат солидни награди, изјави Петровска .

Во училиштето настава следат  околу 150 ученици, но со подобрувањето на условите, надлежните  очекуваат идната година да се запишат поголем број ученици.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)