Одбележан празникот „Свети Сава“ во „Светозар Марковиќ“

Основното училиште „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане денеска го одбележа националниот празник на Србите во Македонија ,  а воедно и училишната слава, Свети Сава.  Присутните имаа можност преку културно уметничка програма подготвена од учениците и наставниците да слушнат и да се потсетат на ликот и делото на Свети Сава. На денешната свеченост во училиштето присуствуваше и заменик министерот за култура Драган Недељковиќ.

-И претходните денови имавме активности, Светосавски турнир во шах организиравме трета година по ред, имавме  ликовен ден и литературно читање, изјави Даниела Станковска, директор на ООУ„Светозар Марковиќ„

Ова е единствено училиште на територијата на РМ во кое што  наставата е на српски јазик. Во основното училиште „Светозар Марковиќ“  учат 93 ученика, во десет паралелки, а двете подрачни училишта се наоѓаат во селата Алгуња и Никуљане.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)