Одбележан светскиот ден за борба против ПБЦ

Здружението ,,СЛАП “ – Сочувај, Лекувај,  Асоцијација на пациенти со заболувања на црниот дроб” вчера за првпат го одбележа Светскиот ден за борба против ПБЦ. Станува збор за  ретко автоимуно заболување на црниот дроб со непозната причина. Оваа болест најчесто се појавува кај лицата од женски пол без оглед на расата и социјалниот статус, на возраст меѓу  35 и 60 години, кај машкиот пол поретко  е застапена, додека кај децата до сега не е дијагностициран случај. Светскиот ден беше одбележан преку разни активности, спуштање со параглајдер активност организирана во Крушево на 10 септември и поделба на едукативни флаери во Прилеп со цел да се запознае населението со оваа болест,  велат од организацијата СЛАП.

– Оваа болест е ретка , ретко заболување автоимуно на црниот дроб, кое што се манифестира со неспецифични симптоми. Апелираме редовно да ги контролираат активностите на црниот дроб преку крвни тестови и доколку има некакви отстапки да се направат дополнителни испитувања за да навремено се открие ова болест . Денешната активност е во соработка со црвениот крст на Град Прилеп и матичните лекари не се доволно запознаени со постоењето на  оваа болест , изјави Билјана Мирчевска претседател на Здружение СЛАП

Според здружението СЛАП, во Р.Македонија многу малку се знае за оваа болест, и нема официјална статистика ниту регистар на пациенти. Неофицијално, случаите со ПБЦ не се ретки, а во последните години ги има во се поголем број. Најголем број од овие случаи завршуваат со трансплантација на црниот дроб, поради компликациите кои што настануваат од истата. Поради тоа препораката  до општата популација и до матичните лекари во Р. Македонија е  да се прават редовно испитувања на црниот дроб заради навремено навремено откривање на болеста за да може да се запре напредокот на заболувањето од ПБЦ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)