Одбележан Светскиот ден на водата

„Водата е човеково право“  е мотото на денешниот еко настан што се одржа пред влезот на основното училиште „Крсте Мисирков“ , по повод Светскиот ден на водата. Литературни и ликовни творби, флаери, постери и еко пораки посветени на значењето на водата и подигање на еколошката свест беа дел од денешните активности.  Пред присутните се обрати директорот на училиштето , организатор на еко настанот , Александар Јовановиќ.

-Денешниот ден 22 –ри март Обединетите Нации го имаат прогласено за Светски ден на водата. Знаеме дека ние спаѓаме во онаа малобројна група на земји кои имаат здрава и чиста вода за пиење. Затоа ние денеска решивме по втор пат да го одбележиме Светскиот ден на водата со повеќе активности, изјави Александар Јовановиќ, директор на ООУ „Крсте Мисирков“

Во подготовките за одбележувањето на денешниот ден , учествуваа ученици од шесто до деветто одделение под менторство на своите наставници .

Основното училиште „Крсте Мисирков “ втора година по ред со бројни активности го одбележува Светскиот ден на водата, 22-ти  март.

Коментари

коментар(и)