Одбележан Светскиот ден на Ромите

Демократска сила на Ромите во Куманово денеска во Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“, со свечена манифестација го одбележа, Светскиот ден на Ромите. На манифестацијата присутните се потсетија на 8-ми април 1971 година, кога за прв пат беа вградени темелите на модерно организирање на ромската заедница низ светот. Претседателот на Демократска сила на Ромите во Македонија, Шабан Салиу истакна дека веќе гледаат одредени промени во однос на вработувањето кај Ромите.

-Мислам дека економската состојба постепено се подобрува. Знам дека не е доволно, дека е тешко меѓутоа очекувам дека секоја влада, која што е во нашата држава посебно внимение ќе обрне на Ромите, со оглед дека тие живеат на некој начин на маргините на општеството-додаде тој.

Според податоците од 2005 година досега околу 300 Роми на ниво на државата имаат завршено високо образование.

-Имаше едно време кога немаше Роми образовани во градот, сега имаме магистри со различни факултети, значи не има во еден позавиден број. Очекувам дека ќе се најде заеднички јазик во градот, бидејќи ние сме дел од него-изјави претседателот на општинска организација на Демократска сила на Ромите во Куманово, Севџан Сулејмановски.

Инаку на манифестацијата присуствуваа политичари, претставници на невладини организации и бројни граѓани.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)