Одбележан Светскиот ден на Холокаустот врз Ромите

И по 72 години од Холокаустот врз Ромите, постарите генерации но и поколенијата кои што живеат во Македонија и воопшто на балканските простори се уште не се обесштетени, што не е случај со Ромите во останатите држави, посочи денеска Националниот ромски центар во пресрет на Светскиот ден на сеќавањата на жртвите Роми, 2 август. Според Ашмет Елезовски од НРЦ, ромската заедница отсекогаш била  изложена на дискриминација и расизам и покрај тоа што ромите се мирољубив народ , не се поттикнувачи на војни ниту пак на терористички акти.

-Јас би им посакал она што им следува -тоа е обврска според потписот на првите луѓе на Сојузна Република Германија  кои го ставија својот потпис и го признаа геноцидот и се надевам дека ова ќе допре до луѓето кои ги водат тие фондови, а со тоа ќе се стопира и развојот на расизмот кој е многу видлив, изјави Ашмет Елезовски, претседател на Национален ромски центар

Од НРЦ посочуваат дека последниве години се обидуваат да стапат во контакт со еврејската заедница и да организираат некој настан или изложба во Музејот на жртвите на холокаустот во Скопје  каде би ги запознале младите  како и на кој начин Ромите биле  жртви на фашизмот .

Овој ден посочи менаџерот на НРЦ, се одбележува насекаде во Европа во знак на сеќавање на повеќе од  3.000 убиени Роми ноќта помеѓу 2 и 3 август во концентрациониот логор во Аушвиц.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)