Одбележан Светскиот ден на храната

Средното стручно училиште „Киро Бурназ“ денеска го одбележа Светскиот ден на храната, 16-ти Октомври, под мотото „Правилна исхрана, достапна и пристапна за сите – за нула гладни во светот“. Четврта година по ред, ова училиште преку пригодна манифестација ја потенцира потребата за будење на свеста кај граѓаните за помош на гладните во светот.

Директорката на ССОУ „Киро Бурназ“ , Весна Трајковска пред присутните потенцираше дека како институција каде што се образуваат кадри кои што се занимаваат со производство и преработка на храна апелираат да се користат природните извори на храна.

-Ќе се разбуди зајакне борбата против гладта, да се помогне на луѓето кои што навистина не можат да се хранат, изјави Весна Трајковска, директор на ССОУ „Киро Бурназ“

Во организацијата на денешниот настан директно се вклучени наставниците и учениците од земјоделско-ветеринарниот и хемиско-технолошкиот актив, поддржани од останатите ученици и професори во училиштето.

Професорката Татјана Митевска која што предава во профилот техничар-нутриционист посочува дека учениците тука се обучуваат за правилна исхрана.

– Тие се обучуваат овде како правилно да се хранат, како да внесуваат правилно дневни оброци. Би им препорачала на младите да се хранат поздраво, дневно да внесуваат пет оброка, задолжително утрински појадок, периодот меѓу двата оброка да биде најмалку четири часа и да имаат физичка активност, изјави Татјана Митевска, наставник во профилот техничар-нутриционист

Освен денешната манифестација, во училиштето „Киро Бурназ“  деновиве се реализираа повеќе активности по повод патрониот празник, 14-ти Октомври.

-Во текот на изминатата недела се организираа спортски натпревари , литературно читање, квиз на знаење во врска со патронот на англиски јазик, избор на најдобра фотографија организиран од природно –математичката струка,традиционалниот  тракторски натпревар, изјави Весна Трајковска, директор на ССОУ„Киро Бурназ“

Периодот меѓу двата патрони празника на училиштето  го одбележуваат бројни успеси на учениците на општинско, регионално и државно ниво, меѓународни проекти во кои што се вклучени наставници  и ученици од средното  училиште, како и новоизграденото рекреативно катче за наставниците, но и катчето наменето исклучиво за учениците кое што допрва ќе се комплетира, посочува Трајковска.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)