Одбележан Светски ден на храната

Под мотото „ Од нива до трпеза “ средното стручно училиште Киро Бурназ денеска го одбележа Светскиот ден на храната- 16 Октомври. Манифестацијата се одржа во холот на училиштето каде што присутните имаа можност да дегустираат од храната подготвена од учениците од земјоделско- ветеринарната и хемиско- технолошката струка.

– Знаете дека целиот свет е заинтересиран за производство на органска храна, па така и ние.  Во нашето училиште имаме и смерови и предмети кои што се занимаваат со изучување на органско производство па се обидовме овде на штандовите да направиме мешавина од здрава, органска и традицонална храна , изјави Весна Трајковска, директор на „Киро Бурназ“

Повеќе од една деценија во рамките  на училиштето „Киро Бурназ“  се произведува и органска храна.

-Имаме пчеларник во училиштето во рамки на наставната програма бидејќи имаме и предмет пчеларство во рамки на ветеринарно-земјоделската струка  и тука учениците се активни.  На штандот сите овие продукти се наш производ, наше млеко од наши крави и наш мед од наши пчели. Токму затоа нашиот настан е крстен Мед и млеко, изјави Горан Митевски, професор по сточарство

Ова е втора манифестација по повод Светскиот ден на храната што се организира во училиштето. Директорката Трајковска се надева дека наредната година ќе успеат манифестацијата да ја прошират и да ја  организираат надвор од училиштето.

Коментари

коментар(и)