Одбележан 11-ти ноември на Спомен Костурница

Со положување свежо цвеќе на Спомен Костурница се одбележа 74 годишнина од ослободување на градот.  Пред споменикот на хероите од НОБ, цвеќе положија делегации од општината,  Армијата, Владата, Собранието на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка борба, Советот на општина Куманово, Здружението на армиски и полициски ветерани, невладини здруженија, училишта и бројни граѓани.  Во кумановско, во борбата против фашизмот учествувале над 2.000 борци од кои 455 загинале, а градот првоборец даде осум народни херои.  Пред присутните се обрати  Благе Јакимовски, од Сојузот на борци.

– Како и секоја година и оваа се собравме на ова кумановско светилиште Спомен Костурница, на паднатите борци за да го одбележиме 11 ти ноември, Денот на ослободувањето на Куманово, да положиме свежо цвеќе и изразиме длабока почит и искажеме на загинатите борци. Градот Куманово за прв пат се споменува во турскиот пописен тефтер во 1519 година и тоа како населено место кое било во состав на Нагоричката нахија која пак влегува во Ќустендилскиот санџак од тогаш па наваму низ години и векови местото се развива поминува низ разни премержја и до денеска е една од најголемите локални самоуправи во Македонија-истакна Благе Јакимовски од  Сојузот на борци.

На одбележувањето покрај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, присуствуваа и претставници од дипломатскиот кор и од збратимените градови.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)