Одбележан 20-ти Септември – Ден на пензионерите на РСМ

Со пригодна културно- уметничка програма на градскиот плоштад, Здружението на пензионери „Куманово“ изминатиов викенд го одбележа Денот на пензионерите на РСМ, 20 –ти септември. Членови на пејачката група во здружението пред присутните се претставија со сплет од македонски песни и рецитали.

Претседателот Благе Јакимовски во своето обраќање потенцираше дека целта на здружението е да се залага  и да превзема мерки и активности за да им обезбеди на пензионерките и пензионерите што подостоен живот.

– Ние имаме многу активности со кои што сакаме тоа да го продолжиме и да им обезбедиме на пензионерките и пензионерите во Општина Куманово што подостоинствено и поубаво да го доживеат останатиот дел од животот. Ние имаме културни манифестации, хор, играорна група,  пеачка група, драмска секција, литературна секција, сето тоа функционира. Имаме спорт, спортски активности, имаме еднократна парична помош која што ја даваме на лицата кои имаат одредени здравствени проблеми, имаме за бањско лекување, секоја година, ние први воведовме во РСМ давање на ваучери за пензионери кои што се со ниски пензии. Во 2019- та година дадовме 300 ваучери, сега до 26 мај 2020-та дадовме уште 300 ваучери, бидејќи немавме доволно активности, веројатно ќе останат финансиски средства и ќе направиме ребаланс на средствата и можеби ќе дадеме уште на неколку (100, 200, 300) не знаеме точно во зависност од средставата ваучери понатаму.

Во име на локалната самоуправа, пензионерите ги поздрави Александар Гелевски, Секретар на Општина Куманово.

-Ова здружение покажа дека и во време на пандемија со добра волја и сила успеа да продолжи активно да работи и да ни покаже дека можат да се одржат вакви настани. Токму пензионерите и членовите на здружението на пензионери на град Куманово секогаш активно земале учество во сите културни настани во овој град и затоа тие се пример кој треба да го поздравиме и да го чествуваме,  изјави Александар Гелевски, Секретар на Општина Куманово

Здружението на пензионери „Куманово”- Куманово започнува со активности во април 1946 година, и може да се каже дека е едно од најстарите во државата. Со статусот пензионер први се стекнале дваесетина работници од областа на занаетчиството, трговијата, мелничкото и пекарското производство во Куманово.

Подоцна, со развојот на стопанството, доаѓа до зголемување на бројот на работниците, со што се омасовува и пензионерското Здружение. Прв пронајден официјален документ е од мај 1957 година, кога е одржано отчетно Собрание, на кое е избрано раководство и претседател на здружението Стојко Милковски.

Денес, Здружението брои 14.000 пензионери, организирани во 24 ограноци на териториите на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)