Одбележан 24-ти мај, Денот на просветителите (ВИДЕО)

Со културна програма Отсекот за превенција при СВР Куманово, заедно со ученици од училишни сообраќајни единици, Центарот за култура и Здружението на пензионери, се одбележа 24-ти мај, Денот на просветителите, Кирил и Методиј. Целта на овој настан е да се прати порака дека писменоста и науката треба да бидат средство за комуникација, а не насилството.

-Во претходните години организиравме помасовни настани во сите општини што ги покрива СВР Куманово, меѓутоа веќе втора година во услови на пандемија го организираме настанот поинаку, со намалени активности, помал број како публика. Пораката од овој настан е дека сите треба да се грижиме за безбедноста, науката и образованието затоа  имаме ученици од најмладите, средната генерација и повозрасните членови на Здружението на пензионери-посочи Виолета Богдановска, началник на Отсекот за превенција.

Директорот на Центарот за култура посочи дека празникот треба да ги обедини сите и да потикне размислување кај младите за толеранција.

-Навистина ни е чест што сме дел од организацијата на овој настан, овој ден птреба да биде обединувачки за сите, затоа се тука од Здружението на пензионери, ученици, СВР Куманово, ние со цел овој празник да го поттикнеме размислувањето на младите за толеранција, обединување и да пратиме такви пораки со цел денот на остане таков и за идните генерации-нагласи директорот Сашо Тодоровски.

Отсекот за превенција при СВР Куманово традиционално организира настани за сите позначајни празници.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)