Одбележување на Светскиот ден на театарот

Со читање на една македонска и странска порака за театарите и со прикажување на претставата „Бегај еве ја жена ти“,Па не баш, според мотиви на Реј Куни, а во режија на Коле Ангеловски, кумановскиот театар вечерва, ќе го одбележи 27-ми март, Светскиот ден на театарот. Годинава меѓународната порака  е од француската актерка Изабел Ипер, а македонската од костимографот и режисер, Благоја Мицевски.

-Театарот Куманово го држи темпото со останатите театри во Македонија, можеме да зборуваме за една навистина богата продукција, се наоѓа веднаш до скопскиот, битолскиот, најголемите театари во Македонија тоа го докажуваме и со следнава премиера која ја очекуваме на 6-ти април на Хај фај од Горан Стефановски, после подолго време македонска драматургија во режија на Јани Бојаџи-истакна директорот Сашо Костовски.

Манифестацијата ќе започне во 20 часот, а влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.  Директорот информираше дека паралелно со активностите во театарот, активно се работи и во Центарот за култура, каде е во тек подготовка за традиционалниот маскенбал.

-Викендов исто така традиционално на први април го организираме маскенбалот Деца и младинци, од 3 години на училишна возраст, пријавувањето е во тек, задоволни сме од првичниот голем интерес за учество на најмладите наши сограѓани на маскенбалот, нашите врати се отворени за пријавување и за учество-додаде тој.

Маскенбалот кој ќе се одржи на 1-ви април ќе започне во 19 часот.

 

 

 

Коментари

коментар(и)