Одбојкарките донесоа златен пехар

Одбојкарките на Сити Волеј Славков и Куманово викендов го освија домашниот одбојкарски куп, откако со резултат 3:1 во сетови го совладаа составот на Јанта Волеј од Скопје.

Освен дел од третиот сет, по големо водство од 17:10 – кога сите очекуваа натпреварот да заврши со 3:0 дојде до  пад на концентрација што резултираше со губиток на овој дел од играта. Екипата на ОК СВС Куманово беше апсолутно доминантна во сите аспекти на одбојкарската игра, посебно со своите сервиси и блокот, го исфрлија противникот комплетно надвор од ритам и со убедлива резултатска разлика го освоија првиот златен трофеј во оваа сезона.

Денеска истите актери се враќаат на прв натпревар од финалната серија на плеј-оф завршницата од домашната одбојкарска лига во салата на ОУ “Невена Георгиева Дуња“ во Скопје. Со оваа победа и титулата во Купот на Македонија се највува и интересна борба во финалната серија на плеј оф-от на првенството за титула државен првак.

Историски гледано, ова е прв трофеј кој било кој тимски спорт го донесе во Куманово по 1993 година во која Ракометнот клуб Шевро Куманово исто така освои Куп на Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)