Одделение за мигранти во болницата

Реконструирани се подрумските простории во општата болница во Куманово. Преадаптираниот простор ќе биде наменет за пружање здравствени услуги исклучиво на мигрантите , но како што велат надлежните одделението останува во државата  во кое што ќе можат да се третираат пациенти од целата држава. „Здравствените власти во целост одговорија на предизвиците од мигрантската криза и со целиот свој капацитет се вклучија во справувањето со кризата со цел да се обезбеди хуман третман на мигрантите “ , рече денеска министерот за здравство Никола Тодоров

-Досега во болницата во Куманово има дадено над 470 здравствени услуги на мигрантите од различен карактер,  имаме 4 породувања,  6 други се препратени за Скопје, лица кои што се третирани и подолго кои што во моментов се тука исто така повеќе од 15-тина дена, изјави Никола Тодоров, министер  за здравство

За комплетното инфраструктурно решавање на овој простор и набавка на дополнителна опрема која ќе биде ставена во функција на мигрантите,  но и на  сите пациенти на Куманово и на кумановскиот регион, заслужни се Меѓународната организација за миграции и Банката за развој при Советот на Европа. Донацијата во кумановската  болница е во вредност од околу 100.000 евра.

– Проектот има значителна медицинска компонента во склоп на која целта беше да се обезбеди ефикасен рпистап на мигрантите до медицинска заштита, меѓутоа и во исто време придонесува во развој на локалните медицински капацитети во Гевгелија и Куманово, кои беа особено погодени од мигрантската криза. Конкретната асистенција која што е околу половина милион евра се однесува на реновирање на болнциите во Гевгелија и Куманово, донација на медицински апарати, медицински мебел, како и амбулантно возило, изјави Соња Божиновска Петрушевска, Меѓународна организација за миграции

-Задоволство ми е денеска да ја видиме оваа инвестиција која што доаѓа со поддршка на Советот на Банка на Европа за земјата директно преку министерството како и преку меѓународната организација за миграции, оваа инфраструктура што денеска ја посетивме значително ќе ги подобри условите за третман како на мигрантите така и на локалната заедница на жителите на Куманово и регионот , изјави Арно Де Вердиер, Банка за развој при Совет на Европа

Покрај одделот наменет за мигрантите, еден дел од реновираниот простор ќе биде искористен и за останати пацинети особено во делот на гинекологијата каде што за прв пат после подолг временски период ќе се воведе колкоскопија,  здравствена процедура   за која што пацинтките од Куманово се упатуваа  во Скопје бидејќи претежно тоа го правеа само приватните гинеколози, велат надлежните.

– Ова ќе значи многу за нашите граѓани, како што потенцираше и министерот и нашите сограѓани ќе имаат пристап до квалитетни здравствени услуги, прво и второ пациентите нема да одат во Скопје да трошат средства и време, туку тие услуги ќе можат и кај нас да ги реализираат и ја користам приликата да имс е заблагодарам на донаторите за големата помош што ја дадоа за нашата болница – Ариф Љатифи, директор на Општа болница Куманово

Со оваа здравствена услуга во болницата сериозно ќе се растерети клиничкиот центар во Скопје , а наша стратешка цел е што е можно повеќе пациенти да остануваат   поблиску до нивното место на живеење, посочува Тодоров.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)