(ВИДЕО) Одлични резултати на сениорите од атлетскиот клуб

Атлетскиот клуб на Куманово и годинава постигна одлични резултати во екипна конкуренција на Купот на Македонија за сениори. Кумановските атлетичари завршија на високото трето место. Стручниот тим е задоволен од резултатот, нагласувајќи дека конкуренцијата годинава била исклучително тешка. Атлетичарите се избориле за овој резултати, иако биле оштетени, бидејќи една од најдобрите атлетичарка и репрезентативка на Македонија, Матеја Ефремовска завршила со повреда.

Откако сум јас во атлетиката од 99-та сениорскиот куп се одржа на најконкуретно ниво и почнаа многу клубови да стануваат и поконкурентни на друг начин, со доведување на  атлетичари од други клубови, странство, што не става во потешка состојба, да се избориме со сето тоа бидејќи некои од нив се врвни-нагласи тренерот Филип Колевски.

По ова натпреварување тројца атлетичари од Куманово изборија пласман во сениорската репрезентација и тие ќе учествуваат на европскиот куп, кој ќе се одржи во Кипар. Матеја Ефремовска првиот ден настапила во три дисциплини, скок во височина, фрлање диск и штафета 4×100 метри, при што  се закитила со две први и едно второ место. Наредниот ден освоила второ место во фрлање диск, меѓутоа поради повреда била принудена да го прекине натпреварувањето, со што женската екипа заврши на третото место.

-Јас сум задоволна од овој пласман бидејќи ние како Атлетски клуб Куманово не сме многубројна екипа, туку со мал број на атлетирачи, но квалитетни успеавме да се пласираме на вакво високо ниво-нагласи таа.

Во машка конкуренција, Атлетскиот клуб на Куманово го освои второто место.  Емил Ефремовски, повторно освои одлични резултати по што обезбеди учество во репрезентацијата во две дисциплини.

-Јас како еден од главните предводници на машката група во атлетскиот клуб Куманово ги трчав двете најтешки трки во нашата атлетика. 400 метри во најбрзата трка во историјата на Македонија завршив трето место. Од вториот ден на сениорскиот куп на Македонија трчав 800 метри, тука бевме тројца под 2 минути резултат што е навистина за ова ниво и за Македонија е одлично-нагласи тој.

Прво место во фрлање ѓуле освои и Марјан Нојковски. Од тимот се надеваат на добри резултати и од Младинскиот куп.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)