Одложено судењето против Бобан Илиќ

Одложено е денешното судење против обвинетиот  Бобан Илиќ, по барање на една од странките вклучени во случајот Aлмир, информираа од канцеларијата за односи со јавност од Основен Суд Куманово. Наредното рочиште на кое ќе бидат изнесени завршните зборови е закажано за 19. декември, годинава.

Обвинителството го товари  обвинетиот Илиќ дека на 25 јуни минатата година го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна банална  вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом. Осомничениот, се товари дека го прегазил четиригодишниот Алмир на улицата „Борис Кидрич“ . За истиот настан против три други лица, инаку, таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.

Ова е второ одложување на рочиштето, претходното требаше да биде одржано на 15 ноември. Инаку, на последното рочиште што се одржа на први  месецов , беше  разгледана видео снимката направена на барање на обвинителството за интензитетот и фрекфенцијата на сообраќајот во тој дел од градот за време на празникот Рамазан.

Оштетената страна цело време останува на ставот дека напаѓачот треба да биде обвинет за убиство со предумисла, за кое кривично дело се предвидува  минимум 10 години затворска казна , па нагоре.

Коментари

коментар(и)