„Одлучно за промени“ ќе засади 1000 дрвја, за 1000 гласа

Движењето „Одлучно за промени“, предводено од Теодора Димитровска, утре во село Орашац ќе спроведе акција за садење 1000 дрвја, кои се во знак на благодарност до гласачите коишто им ја дадоа довербата во првиот круг. Димитровска ги повика и останатите кандидати кои останаа во изборната трка, но и оние кои испаднаа, да го следат нивниот пример и да придонесат за поубава животна средина.

-Како што во текот на нашата програма покажавме дека секој глас значи, и нашето мото беше Твојот глас значи, така сакаме да укажеме дека ние, утре како движење Одлучно за промени ќе имаме акција во која ќе засадиме онолку дрвја, колку што ни дадовте гласови. Мислам дека програмите остануваат само лист хартија доколку не бидат исполнети и реализирани, така што како движење одлучивме да го исполниме она што граѓаните ни го дадоа, нивната доверба, со тоа што утре ќе биде активноста засадување на повеќе од 1.000 дрвја затоа што јас кандидат за градоначалникот и советничката листа зедовме над 1.000 гласа. Ги поттикнувам сите кандидати кои се уште се во трката, но и оние кои испаднаа, своите гласови да ги преточат во подобрување на животната средина и стандардот во Куманово, така да го земат нашиот пример и да засадат повеќе дрвја. 1000 гласа, 1000 дрвја, затоа што секој глас за нас значи и ги слушаме потребите на граѓаните. Она што ние ќе го направиме утре е показател на тоа дека и после изборите и сите програми да останеме на тоа да си го градиме градот во каков што сакаме да живееме. Ве покануваме сите утре да ни се продружите на активноста а и другите кандидати да го земат нашиот пример и после изборите да засадат дрвја колку што добиле гласови-истакна таа.

 

 

Коментари

коментар(и)