Одобележана 73-годишнината од загинувањето на Карпош

Со положување на свежо цвеќе регионалниот одбор на Сојузот на борци од Куманово денеска го одбележа денот на загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.

Пред бистата во Карпошовата куќа денес чест одадоа претставници на локалната самоуправа, политичари, припадници на Армијата и граѓани кои сакаат да го сочуваат сеќавањето на командантот на кумановскиот баталјон Јордан Николов.

Тој е роден во Куманово во 1921 година. Уште во најраните години појавува интерес за читање на напредна комунистичка литература, член е на Сојузот на комунистичка омладина на Југославија, на 12 октомври 1941 година излегува во првите борбени редови во Козјачкиот партизански одред, меѓутоа одредот е набрзо разбиен и тој заминуав во Јужна Србија се до 1943 година кога повторно ќе се врати и ќе го формира кумановскиот партизански одред. На 1ви декември 1941 година кумановскиот партизански одред прераснува во баталјнот Јордан Николов Орце – изјави Марија Живачки од кумановскиот музеј.

Карпош бил убиен на денешен ден во 1944 за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во прешевското село Билјача.

На овој начин се одолжуваме за ликот и делото, за се она што го има направено Христијан Тодоровски Карпош за време на НОВ, за слободата која Карпош ни ја има подарено за да ние можеме да уживаме во благодетите на слободата. На тој начин му се одолжуваме и треба да продолжиме во иднина да се грижиме и да не падне во заборав ликот и делото на славниот Карпош Војвода – изјави Доне Младеновски од Сојузот на борци.

Претсавници на кумановскиот Сојуз на борци денес свежо цвеќе положија и во селото Билјача, каде згаснал животот на познатиот кумановски херој.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)