Одобрени 45 барања за поставување урбана опрема

До секторот за комунални дејности при локалната самоуправа, годинава биле поднесени 80 барања од угостителите за поставување урбана опрема. Од нив нешто повеќе од половина биле одобрени.

-До секторот има пристигнато околу 70 барања за поставување на урбана опрема на државно и приватно земјиште на територија на општината. Од страна на секторот се одобрени 45 и по истиот основ се приберени околу 6 милиони денари. За сите останати кои немаат обезбедено одобрение се водат постапки во Секторот за инспекциски надзор-истакна Лидија Ланг Спасовска, раководител на Секторот за комунални дејности, одговарајќи на прашањето на советникот Благојче Јакимовиќ.

Јакимовиќ апелираше Секторот за инспекциски надзор да продолжи да си ја врши својата работа, при тоа нагласувајќи дека е забележлив раст на средства по овој основ, со оглед на фактот дека претходните години на годишно ниво биле собирани еден милион денари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)