Од вторник исплата на априлските пензии

Владата ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за април и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 21-ви април, кои треба да обезбедат пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26-ти месецов.

Со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26-ти (вторник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.-ми (среда);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28-ми  (четврток); и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29-ти  (петок ).

Коментари

коментар(и)