Од денеска започнува исплатата на минималната плата од 18 000 денари

Од денеска започнува исплатата на минималната плата од 18 000 денари, за како што наведува Владата, 80 илјади вработени од разчилни дејности. Минималецот, според последните законски измени е зголемен за 2 800 денари од претходниот, чија сума изнесуваше 15 200 денари

Договорот беше постигнат по неколку состаноци на Економско-социјалниот совет односно по преговори меѓу Владата, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Организацијата на работодавци.

Како што посочуваат од Владата, во договорот за раст на минималната плата е утврдена и методологија со која минималецот континуирано ќе расте.

Коментари

коментар(и)