Од денеска повторно пријавување во Центарот за вработување

Центарот за вработување Куманово ги известува сите невработени лица дека од денеска продолжува со редовното пријавување на секои 30 дена (за активните баратели на работа) односно на секои 6 месеци (за другите лица кои бараат работа).

Секое невработено лице кое има оставено контакт телефонски број веќе е известено по смс порака за точниот датум кога треба да се пријави во центарот за вработување од причина што повторно е ставен во функција системот за распределување на термини за редовно пријавување, согласно законските рокови за пријавување на 30 дена односно 6 месеци.

Надлежните апелираат до невработените лица да го почитуваат терминот наведен во смс пораката, кој што е системски изгенериран.

-Ги замолувам невработените лица да се придржуваат до роковите, до датумот на пријавување односно датумот кој што е напишан во смс пораката, да носат заштитна опрема, да одржуваат дистанца односно да ги почитуваат протоколите кои што се донесени од страна на Владата. Доколку невработените лица немаат добиено смс порака тоа е поради тоа што немаат мобилен телефон за контакт или поради тоа што телефонскиот број кој што е во нашата база на податоци не е ажуриран односно невработените лица не известиле навремено за промена на својот телефонски број. Тие лица кои што немаат добиено смс порака треба да дојдат во центарот за вработување, од денеска па натаму во било кој ден да ги почитуваат сите протоколи, сите странски ќе бидат услужени и да го ажурираат својот телефонски број затоа што во овие услови и претходно многу е битно да имаме број за контакт затоа што мобилните телефони се најбрзо средство за комуникација, изјави Марија Димитријевска, раководител на Центар за вработување Куманово

При пријавувањето задолжително треба да се почитуваат препораките на Министерството за здравство за спречување на ширење на вирусот КОВИД 19, односно задолжително носење заштитни маски и одржување соодветна дистанца од другите лица.

Од Центарот за вработување известуваат дека со странките работат од 09 до 15 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)