Од денеска полицискиот час е од 23 часот

Владата на синоќешната седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од денеска, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден.

Согласно овие измени, угостителските објекти ќе бидат отворени до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.

Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви на вирусот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)