Од денес ќе се проценуваат штетите во „Тоде Мендол“

Комисија за проценка на штетите составена од членови на Владата и Општина Куманово од денеска ги започна проценките за утврдување на материјалните штети на  имотот во населбата „Тоде Мендел“  на местото каде се одвиваше вооружената акција. Владата на последната седница одлучи да се изврши обесштетување во висина од 100 насто од проценетата штета на терен. Семејствата чиишто домови се оштетени во акцијата во кои нема услови за престој ќе им се обезбеди сместување во периодот на траење на санација на нивните домови или додека трае санацијата ќе добиваат паричен надомест за закуп на простории. На овие семејства ќе им додели и  еднократна финансиска помош во висина од 100 000 денари.  Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и министерот за локална самоуправа Лирим Шабани денеска оддржаа состанок во Општина Куманово на кој е донесен акциониот план за постапување.

-Се формира комисија за проценка на штетите која ќе ги евидентира сите семејства кои имаат штета и немаат каде да домуваат овие денови.Во моментот вршиме евиденција на сите семејства кои живеат во оваа населба – Дритон Рамадини, член на комисија за проценка на штети.

Надлежните државни комунални, медицински и санитарни институции, во соработка со Општина Куманово и Град Скопје, ќе пристапат кон расчистување на теренот во населбата „Тоде Мендол“ со цел обезбедување на првобитните услови за живот. Комисијата за проценка на штетите во рок од 7 дена ќе подготви Извештај за проценетата штета и ќе го достави до Владата на РМ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)