Од недела намалување на температурите

Куманово денеска и утре ќе биде во портокалова фаза, а температурите ќе достигнат до 38 степени целзиусови.  Метеорологот, Борис Секирарски истакна дека вакви високи темепратури во септември биле забележани и во минатото. Тој потсети дека во далечната 1946 година во Демир Капија биле измерени околу 40 степени целзиусови.

-Исто поблизок септември со вакви високи температури сме имале 2008 година на повеќе места биле достигнати максимуми во месецот септември во дотогашниот период. Македонија вчера и денес во Вардарскиот дел, северниот и јужен вардарски дел е во портокалова фаза што е високо ниво на опасност од високи температури, но ова не е највисокото ниво. Овие денови треба да се внимава на изложеност на сонце подолго време-наведе тој.

Но Секирарски најави дека веќе од недела се очекува намалување на температурите за шест до седум степени и значително освежување.

-Кон крајот на утрешниот ден и вечерта кон недела ќе се зголемува облачноста најпрвин овде на северните делови од земјата а во недела ќе имаме поголема промена на времето, иако температурите веднаш нема да се спуштат но еден влажен бран проследен со повремено засилен ветер ќе се прошири од северните делови кон југоистокот на земјата до крајот на денот во неделата-додаде Секирарски.

Тој најави дека во недела, во северозападниот дел се очекува појава на грмежи и пороен дожд, но не и големи врнежи.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)