Од ноќеска на полноќ поевтинува ЕУРОСУПЕР БС 95

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за 0,50 денар/литар, а малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51 проценти.

Според одлуката на Комисијата, малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,647 ден/кг и сега ќе изнесува 34,596 ден/кг.

Од утре ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по 68,00 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 по 70,00 денари/литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 денари/литар, масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 59,50 денари/литар и мазут М-1 по 34,596 денари/килограм.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)