Од ноќеска на полноќ поскапуваат бензините

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за еден денар од полноќ, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 67,00 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 69,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 44,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,353 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,779 ден/кг.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)